АЛБАТРОС е модерна компанија за облека и етаблиран производител на кошули со висок квалитет. Силната заложба за производство на кошули со врвен квалитет и совршена изработка беа главната идеја, водејќи ја компанија „Албатрос“ од нејзиното основање во 1999 година.
Кога зборуваме за висок квалитет, мислиме на производ направен според европските стандарди и тоа се постигнува со континуирани инвестиции во нова машинерија, подобрена технологија и работни услови.