АЛБАТРОС е компанија за модерна облека, етаблиран производител на висококвалитетни кошули. Силната заложба за производство на кошули со врвен квалитет и совршена изработка беше главната идеја, која ја водеше текстилната компанија „Албатрос“ на нејзиното основање во 1999 година. Овие две основни принципи, денес, по 15 години се основата на компанијата – основана како една од најмодерните фабрики и еден од најдобрите производители на кошули во земјава. Од самиот почеток менаџментот дефинираше стратегија за специјализација во производство на машки кошули, а пред неколку години производство на женски блузи. Оваа стратегија функционира и денес и резултира со совршено изработени кошули!

Практики за ООП

Рековме Висок квалитет нели?


Кога зборуваме за висок квалитет, мислиме на производ направен според
по европски стандарди и тоа се постигнува со континуирано инвестирање
во нова механизација, подобрена технологија и услови за работа.
На прво место се нашите вработени, ние се грижиме за нив
да има идеални услови за работа, да биде мотивиран и посветен
за да може да постигне врвни резултати.

Keep in touch

Fill in your details and we’ll get back to you.